Пејачката Елена Китиќ важи за една од најатрактивните пејачки на сцената, а нејзините последни фотографии го покажуваат тоа.
Елена, на „Инстаграм“ објави неколку фотографии на кои позира во минијатурно бикини и на кои ја покажа својата заносна фигура, а сите „одлепија“ по нејзиниот задник.
На една објава таа позира додека стои, а во тој кадар убаво може да се види нејзината витка фигура. Нејзините следбеници прокоментираа дека бикинито и е премало и дека едвај и ги сокрива интимните делови.
„Каква мачка, какво бикини“, „Таму доле повеќе откриваш од што покриваш“, „Презгодна си“, се само некои од коментарите.