Радио Милева

Повеќе од задоволна: Елена Ристеска подновена и освежена – еве ја во новото издание (фото)

Повеќе од задоволна: Елена Ристеска подновена и освежена – еве ја во новото издание (фото)

Како сите, така и познатите Македонци топлото време и високите температури ги натераа како што е ред, да заминат на омилената дестинација и да уживаат покрај море, езеро или на планина.

Сонцето и дружењето со семејството или блиските пријатели, па и остварувањето на новите пријателства, се нова енергија и нова сила која секому е добредојдена.

Поп пејачката Елена Ристеска летото го користи не само за да одмара, туку и да започне со јога вежби за да го нахрани својот дух и физички да го опушти телото.

фото:инстаграм/еленаристеска

За разлика од повеќето, Елена нема многу нови фото-моменти од летово по плажи, но затоа ги полни своите профили на социјалните мрежи со фотографии во напорни јога пози за кои постојано добива пофалби.

Овој пат, таа се реши на уште една промена и новитет за себе, а за тоа довербата му ја препушти на својот стилист Даниел Николовски.

фото:инстаграм/еленаристеска

Елена на Инстаграм се пофали со новата скратена фризура за која вели дека е и повеќе од задоволна.

фото:инстаграм/еленаристеска

Велат дека жените прават промени на себе кога им се случува нешто ново, а дали кај Еленче тоа е на приватен или музички план, останува да видиме.

To top