Жените често правиме промени кога станува збор за физичкиот изглед и кога не сме задоволни од некои свои физички особини.
Некои одат на разни козметички третмани за лице, некои на масажи против целулит или па прават драстични промени кои ќе ги направат да бидат задоволни сами со себе.
Македонската фолкерка Татјана Лазаревска која заедно со нејзиното семејство живее во Австралија, овојпат ја смени бојата на косата.
Иако Татјана ни е позната по кратката русакоса, сега реши да ја офарба во розова.
Пејачката на социјалните мрежи се пофали со новиот имиџ.
Веруваме дека Лазаревска е задоволна со својата нова фризура, а како вам ви се допаѓа?