Радио Милева

Потресна исповед на Сузана Манчиќ: Изгубив три бебиња, се разбудив во крв и мислев дека ќе умрам!

Потресна исповед на Сузана Манчиќ: Изгубив три бебиња, се разбудив во крв и мислев дека ќе умрам!

Водителката Сузана Манчиќ никогаш не зборувата за потресните мигови кои и се случиле во минатото. Три пати изгубила бебе, а лекарите сите три пати и рекле дека дека се работи за синови.

За прв пат, во исповед за еден магазин, Сузана зборува за тоа.

Првото бебе го изгубив уште на почетокот, во третиот месец од бременоста. Тогаш констатираа дека имам двојна матка. Кога забременив по втор пат, во вториот месец доживеав компликации и докторот изврши киретажа. Третата вечер се пробудив во локва крв. Ме фати паника дека ќе умрам. Тоа беше агонија. Бев во странство и докторот кај кој ме одведоа ме праша дали сум ја прекинала бременоста. Му кажав дека сум, во болница во Европа. Тогаш го сврте екранот спрема мене и ми покажа непроменет пол, а јас скокнав од стол и солзи ми потекоа. Сум имала близнаци, и едниот плод ја преживеал киретажата, рекла Сузана и додала.

За жал детето го изгубив во четвртиот месец во Белград, во страшни маки. Последното бебе го изгубив во шестиот месец  од бременоста. Тогаш всушност се породив, ама детето не преживеа. Најстрашно беше кога ми донесоа да потпишам умреница, рекла Сузана.

Водителката рекла дека со години наназад била во состојба од страв и шок.

Тоа за мене беше нешто непоимливо, јас која од секогаш сум била здрава, млада жена, изгубам бебе првпат, вторпат, а потоа и трет пат.

To top