Наташа Беквалац откри детали од животот со Лука, а проблемите започнале многу порано пред тој физчки да ја нападне.
Според сознанијата на српскиот магазин „Свет“, брачниот живот на Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ бил далеку од совршен, а Наташа изнесе детали од односот со Лука.
„Пеколот започна уште денот на венчавката, тогаш купи пиштол“, објасни Наташа и додава
„Ме злоупотребуваше пред пријателите, ми велеше дека сум курва. На сите им велеше: Мојата жена е кафеана во која секој може да влезе“.

фото: Владимир Шпорќиќ
Лука се борел и со проблемите со алкохолот.
„Имаше проблеми со пиењето, можеше да испие и шише виски“, вели Ната.
Беквалац и Лука вчера првпат се појавија пред суд откако пејачката го пријави сопругот дека брутално ја нападнал.