Радио Милева ќе летаат пердуви...

Потпишани договорите за новата сезона: Еве кој се’ влегува во „Задруга 4“

Потпишани договорите за новата сезона: Еве кој се’ влегува во „Задруга 4“

Реалното шоу „Задруга 3“ сè уште не е завршено, а многу познати личности веќе потпишаа договори за следната сезона!

Како што се дознава, главни sвезди на „Задруга 4“, која ќе започне на 6 септември, ќе бидат Станија Добројевиќ, Луна Ѓогани, Кристијан Голубовиќ, Мики Ѓуричиќ, Миљана и Марија Кулиќ…

Прв договор потпиша Кристијан веднаш штом излезе од затвор. Тој доби веднаш и аванс! Дури бараше да влезе под рака со Јасмина Меденица, со која беа во љубов со него уште додека беа во „Фарма 6“ во 2015 година, каде што таа редовно му ги миеше нозете. Кристијан верува дека двајцата ќе бидат добитна комбинација за гледаност.
Но, Јасмина не би била единствената поранешна љубов на Кристијан во реалното шоу:

Договор потпиша и Станија, со која Кристијан имаше турбулентна врска во „Фарма“. Бидејќи таа победи во тоа реално шоу, Голубовиќ побара таа да му даде дел од наградата затоа што, како што тврдеше, тој бил заслужен за  нејзиниот триумф. Таа му вети 25.000 евра, но на крајот таа му даде само 12.000! Парите се многу важни и за двајцата и сигурни сме дека нема да имаат милост додека се борат за новата главна награда од 50.000 евра.


Луна Ѓогани ќе се приклучи на „Задруга 4“ по четврти пат во низа! Продуцентите очекуваат пердуви да летаат меѓу неа и Станија.

„Станија ќе влезе веднаш, а Луна по неколку месеци. Двете не можат да се поднесат една со друга, па веруваме дека нивните кавги ќе ги урнат рекордите на гледаност и рејтинг“ – вели извор од продукцијата.

Мики Ѓуришиќ ќе се врати во реалното шоу во септември.

„Ова ќе биде мое последно учество во некое ријалити, по што ќе се пензионирам и ќе се посветам на мојата идна сопруга и ќерка, која ќе пристигне во август“ – вели Мики и додава дека не се плаши од Кристијан:

„Зошто би се плашел од некој што не покажа насилство во реалноста? јас покажав! Можеби јас сум и полош тепач! Тој треба да се плаши, а не јас од него! Јас не влегувам заради победа, туку заради хонорарот“ – признал тој.

Миљана и Марија Кулиќ сè уште преговараат со продукцијата, бидејќи имаат посебни услови. Тие бараат  Марија прва да влезе во реалното шо, а подоцна и Миљана да и се приклучи.


Мина Врбашки веќе го има потпишано договорот и тоа ќе биде нејзина четврта „Задруга“, а деновиве и нејзината мајка Ивана треба да дојде на средба со продуцентите.

Маја Маринковиќ исто така се согласи да влезе во четвртата сезона и предложи нејзиниот татко Радомир Маринковиќ – Таки да и се придружи во шоуто, а на продуцентите им се допадна таа идеја!


Во меѓувреме, продуцентите на „Задруга“ ќе го реновираат имотот во Шимановци во текот на летото. Камери ќе бидат поставени буквално во секој агол, а некои снимки ќе прават и беспилотните летала – дронови. Тимот водители нема да се промени: Душица Јаковљевиќ, Милан Милошевиќ и Огњен Амиџиќ ќе продолжат да ги водат настапите.

To top