Пејачката Наташа Беквалац е побогата за нов член во семејството.
Имено, таа посвои уште едно домашно милениче, а со тоа се пофали на социјалните мрежи.
Наташа истакна дека наишла на објава на Инстаграм во која пишувало дека на напуштени кучиња им треба дом, па заедно со ќерката Хана се ушатила кон Шапац каде што се наоѓале кучињата.
„Сите знаете колку ги сакам животните. Пред некој ден видов дека некој ги исфрли овие преслатки куценца. Иако откако ја изгубив Јаца реков дека нема да усвојуваме кучиња, моето срце попушти пред оваа објава. Тоа беше љубов на прв поглед и потпишав договор за усвојување. Ви го претставувам новиот чувар Мишка“, напиша Беквалац.