Мегафон Во Македонска филхармонија

„Postmodern jukebox“ – врвно џез и свинг кабаре

„Postmodern jukebox“ – врвно џез и свинг кабаре

Со желба Скопје и Македонија да бидат навистина исполнети со различни музички доживувања на светско ниво, Авалон Продукција  ја донесе веројатно најголемата и најинтересна концертна атракција во светот моментално, музичкиот колектив POSTMODERN JUKEBOX.

Станува збор за музички колектив кој што во тотален винтиџ стил го носи духот на Њуjорк во своите настапи во кои што на специфичен кабаре начин изведува песни во опсег од Radiohead и The White Stripes, па се`  до Lady Gaga, Strokes и уште многу други.

Настапите на POSTMODERN JUKEBOX во суштина претставуваат врвно џез и свинг кабаре кое наместо да одите да го гледате во Њујорк, ви доаѓа и можете да го гледате дома. Во тоа е тајната на нивните настапи низ светот кои се тотално распродадени, а за нивната гледаност на Јутјуб воопшто и да не зборуваме.

За нивниот настап во Скопје е одбрана салата на Македонската филхармонија како идеално место за ваков тип на шоу.

извор:република

To top