Новата заедничка песна на ДНК и Врчак – „Посреќна“ е многу слушана. од нејзиното излегување за миг стана ултрахит, со огромен број преслушувања, вртења по радиостаниците ширум Македонија иилјадници прегледи на Јутјуб и по социјалните мрежи. Полн погодок како и досега, со тоа што интересот за враќањето на Врчак на сцената кое сите долго го очекуваа, на Андреј и Панчо и дополнително им ја крена популарноста.
Радоста секако неизмерна, а Панчо истата не ја криеше, па ја обзнани, како и благодарноста за поддршката до нивните обожаватели и фанови!
Арно ама Владимир Блажев, како пшто му стои во личната карта или само Панчо како што го знаат на естрадата, кога не е ар ен би изведувач е и ДЈ и тоа познат под уште еден уметнички прекар како ДЈ Шорти! Кога нема обврски со ДНК, пушта музика. По кафулиња, ноќни локали, клубови, дискотеки, приватни забави… Секаде каде што ќе го повикаат. И додека добар дел од останатите ДЈ-и можеби ги бираат и селектираат настапите, Панчо покажа зошто периодов е неизмерно горд, радосен и среќен.
Да, можеби „Посреќна“ на Врчак и ДНК е многу слушана, ама Панчо објави дека е посреќен од било кога заради една сосема друга работа.
Имено, тој како ДЈ Шорти имаше свој настап на едно навидум сосема невообичаено место, иако студентските забави не се ниту непознати, ниту невобичаени и тоа наназад со децении. Можеби не е баш секојдневна појава некоја позната ѕведа на нив да се појави со своја изведба, сеедно дали е пејач, пејачка, група или ДЈ, кој е познато име и презиме на естрадата!
А токму Панчо или во случајов ДЈ Шорти беше тој на кој студентите широко му отворија порти на нивната студентска забава во скопскиот студентски дом „Пелагонија“. Панчо не само што не ги изневери, туку и самиот беше изненаден, воодушевен и горд на својот настап токму на ваква локација за една нова студентска генерација, која како и тој покажа дека зне што е тоа добра забава и фантастична размена на позитивна енергија!
По ДЈ сетот за студентите и забавата која долго ќе им остане во сеќавање и ним и нему, Панчо не одлеа приказната да не ја обзнани на социјалните мрежи, со свое видување и став околу неговиата одлука да биде ДЈ на студентска забава, па еве што на својот Фејсбук напиша:
„Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам во студентски дом….. Тоа требало да ми биде испод чест со оглед на мојата репутација. Ја само им се насмеав и им кажав дека ќе им испратам видео од самото место.
Обожавам вакви места, ја сум дете на народот и никогаш не сум се гледал повеќе од останатите луѓе. За мене сите сме исти. И да бидам искрен, сите кој беа присутни беа дојдени за да се забавуваат и ширеа само љубов и позитивна енергија. Студенти бре, чисти души!
Местото е мало но има поубава енергија од најубавите и најскапите локали низ Македонија, а најбитно од се, и покрај малата квадратура, евтината карта и пијачка, дечкото што ме покани (Благојче) не се ценкаше за хонорарот за разлика од некои “големи газди“ !
Студентски “ПЕЛАГОНИЈА” ве ОБОЖАВАМ!!!“ – споделил во својот емотивен статус Панчо по неговиот прв, се надеваме не и последен, студентски ДЈ сет.
Фото: Instagram/djshortypofficial/
Видео: Facebook/Vladimir Blazev