Насмеана и среќна – вака изгледа кралицата Елизабета на нејзиниот последен официјален портрет, направен на крајот на мај во пресрет на прославата на платинестиот јубилеј.
Ден пред погребот, Бакингемската палата објави прекрасна слика создадена во замокот Виндзор, кој кралицата го прогласи за резиденција пред неколку месеци и каде поради кревкото здравје ги организираше сите приеми.
Светло син костум, нејзиниот омилен бисер ѓердан, брош – сето тоа е таму.
И насмевка.
Виндзор очигледно беше исцелително место за неа. Таму е и нејзиниот вечен дом.
фото:getty Images/Twiter