TMZ Sports, американскиот медиум кој прв ја објави веста за страшната несреќа, објави и неколку од последните фотографии направени од Коби Брајант со неговата ќерка Џиана. И на двајцата им е кошарката во мислите, на еден од последните натпреварии за жал, воопшто заеднички моменти во животот.
Фотографиите се снимени во саботата во спортската академија во сопственост на Брајант – „Мамба“, каде екипата на „Џиџи Мамба“ одигра два натпревари за девојчиња од 8-то одделение тој ден. Може да се забележи како Коби внимателно ја следи покрај аут линијата додека Џиана е на теренот.
Во еден момент, Коби се гледа како му дава совети на своето дете. Не е јасно дали тој е главен тренер на нејзината сегашна екипа или не, но тој дефинитивно е на фотографијата фатен во тренерска улога.
Коби изјавил дека Џиана има аспирации да биде во WNBA (женската НБА) и според сите, таа беше на добар пат да стигне таму.
Едно нешто е сигурно: И двајцата беа жестоки вљубеници и ја сакаа играта што ја играа.
Извор: ТМЗ.ком
Фото: ТМЗ.ком/Инстаграм принтскрин