Покојниот Џеј Рамадановски само пред две недели беше за последен пат гостин во култната ТВ емисија „Балканска улица“, едно од најпознатите телевизиски ток шоуа со авторката и ТВ водителка Весна Дедиќ која се емитува цели 20 години. Токму неа отворено и призна и откри каде и што најмногу промашил во животот, а што најмногу ми фалело, а што никогаш не му беше доволно.
„Љубов… Отсекогаш ми недостасуваше тоа. Како што велат старите: „Кога ти е сè совршено во животот и сè оди како што треба, земи камче и стави го во чевелот за да те боцка. Секому му недостасува љубов… Сега зависи дали е мајчинска, татковска, од децата или од девојката/ момчето …“ – рече Џеј, а на прашањето кого најмногу сакал, одговори: „Најмногу ги сакав своите деца, сопругата, моите пријатели…“ – рече неодамна сега починатата фолк легенда во своето последно ТВ интервју во емисијата „Улица Балканска“.