Пејачката Мерима Његомир почина на 20 ноември на 69 години по кратката борба со опасната болест.
Таа зад себе остави бројни хитови, а нејзината последна песна е претставена само еден ден пред нејзината смрт.
Станува збор за песната „Љубав траје“ која Мерима го сними во дует со групата „Легенди“.
Дуетот го снимале во студиото на РТС, а песната беше објавена на 19.11.2021, еден ден пред да почине Мерима.
Автор на музиката и текстот е Зоран Дашиќ Даша.
Мерима Његомир снимила повеќе од 25 албуми, а освен новокомпонирани, таа пееше и традиционални народни, страградски песни.
фото: принтскрин/јутуб