Не така одамна, кога веќе знаеше дека не и преостанува уште многу, кралицата на рокенролот испрати трогателна порака до своите обожаватели.
Тина Тарнер почина вчера на 83-годишна возраст во својот дом во Киснахт во близина на Цирих по долго боледување.
Во една од последните изјави таа како да се прости од своите фанови…
– Луѓето мислат дека мојот живот беше тежок, но мислам дека тоа беше прекрасно патување! – изјави Тарнер.
Пред десет години и се влошила здравствената состојба, бубрезите „работеле 20 отсто“, а потоа сопругот и подарил бубрег.
– Немаше смисла да направи такво нешто само за да и го продолжи животот на една постара жена за неколку години – рекла потоа Тина, а нејзиниот сопруг и одговорил:
– Мојата иднина е нашата иднина, таа е подарок на љубовта.
Таа беше позната по нејзините енергични сценски изведби и моќен, уникатен глас. Таа има освоено осум Греми награди, влезена во Куќата на славните и има продадено повеќе од 180 милиони албуми ширум светот. Оваа талентирана уметница од Тенеси успешно се испроба и на филм – глумеше во блокбастерот „Луд Макс“ во 1985 година и во рок операта „Томи“ од 1975 година.
фото:AP PHOTO