Пејачот Маринко Роквиќ почина 68 години по тешката борба со опасната болест.
Екипата на „Папарацо лов“ уште во октмоври го снимала пејачот.
Имено, неговиот син Никола Роквиќ го води на читае молитва во манастирот Роквица.
Двајцата се воделе под рака, а според објавените снимки пејачот многу ослабел.
Маринко пред извесно време го прележал корона вирусот, а исто така бил и на операција на циста и после тоа ја добил таа бактерија која за жал заврши фатално.
– Јас ја прележав короната, добро поминав, немав тешки симптоми. Кој знае кога ќе помине овој вирус, тоа никој не го знае, па ниту јас. Меѓутоа, после короната ми се појави некаква бактерија, која ми го нападна организмот. Никако да помине, со месеци се борам со неа. Се надевам дека оди малку на подобро -изјавил неодамна Маринко.
За потсетување, Маринко Роквиќ е српски пејач роден на 27 јанури 1954 година. Неговите родители биле строги, а семејството тешко живеело бидејќи се занимавале со земјоделство. Маринко и неговиот брат од деца покажале интерес кон музиката, па учествувале на разни училишни приредби.
Освен што се занимавал со музика, Маринко сакал да тренира и фудбал.
Maринко ќе остане запаметен по песните „Ти за љубав ниси роџена“, „Ова је моја куќа“, „И кад ми све забораве“ и други.
фото: принтскрин/јутуб/папарацо лов