Младата пејачка Теа Таировиќ, која заедно со покојниот Шабан пееше на неговиот последен настап, не беше на погребот, ниту пак изрази сочувство на неговото семејство, а сега откри и зошто.
Иако истакна дека и е многу тешко за смртта на Шабан, сепак со неговите најблиски нема било каков контакт.
-Испратив порака на неговиот внук Лука, бидејќи го познавам. Напишав дека ми е жал. Со другите членови на семејството ни претходно не контактирав, па ми беше без врска да се наметнувам во овој момент – рече Теа за „Србија денес“.
Во медиумите често ја поврзуваа младата пејачка со кралот на народна музика, како и со ноќта пред фаталниот настан во Германија.
Потсетуваме, Шабан Саулиќ трагично загина на 17 февруари поради сериозна сообраќајна несреќа на автопат во Германија.
Пејачката Теа го имаше последниот настап со кралот на фолкот, но таа се врати во Белград, бидејќи имаа посебни летови.