Анастасија Ражнатовиќ долго време ги криеше своите здравствени проблеми од јавноста, а сега реши да зборува јавно за сѐ. Публиката имаше можност да ја види Анастасија, наследничката на познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, секогаш расположена и среќна, што наведе многумина да поверуваат дека младата пејачка живее сосема неоптоварен и безгрижен живот, но ретко кој ја знае вистината.
Имено, Анастасија има здравствен проблем со кој се бори со години, а сега јавно ги кажа сите детали.
За време на нејзиното гостување во една од најгледаната забавна програми „Амиџи шоу“, многумина забележаа дека и се тресат рацете, убедени дека е нервозна, сепак здравствениот проблем на Анастасија Ражнатовиќ е далеку посериозен, а токму за то и зборуваше.
– Погледнете колку ми се тресат рацете, тоа ми е природно – открила наследничката на Цеца додека учествувала во интересна задача со цигара и хартиена туба. Тактилната задача и снимката одблиску на камерата јасно покажаа дека Анастасија има треперење на рацете, со кое живее со години. Додека пак самиот водител коментираше дека мислел дека тоа е поради страв од сцената.
– Каква трема. Тоа ми е природно – признала Анастасија. Патем, треморот на рацете обично се поврзува со стареењето, но се јавува и кај помладите луѓе и ако не е предизвикан од болест, се нарекува физиолошки или есенцијален тремор. Најмногу се забележува при движење, особено кога се користат инструменти, алатки, па дури и пенкало, а многу помалку кога рацете се во мирување. Треморот може да го влоши стресот, но и кофеинот и некои лекови, а лекарите предупредуваат дека може да се влоши во текот на животот. Може да влијае и на главата и гласните жици, што предизвикува растреперен глас, со силен тремор.
Фото: Принтскрин/Инстаграм