Дарко Лазиќ кој беше во вештачка кома по тешката сообраќајка, полека се буди.
Извор за српски Ало.рс од болницата каде е сместен пејачот објаснува зошто лекарите се одлучиле да го разбудат од кома.
-Од моментот кога е примен лекарите даваат се од себе за да му го спасат животот. Началникот на болницата веднаш формираше конзилијум кој ја следи неговата состојба. Сега нивниот заклучок е дека не можат ништо да направ ат освен да продолжат со досегашната терапија и интензивно следење на состојбата. Ситуацијата сега е стабилна, но ништо радикално не се менува во лечењето. Постои потенцијална опасност од тромбоза во крвните садови, но и ризик од воспаление на белите дробови или пореметување на работата на срцето. Меѓутоа, лекарите будно ја следат состојбата и ги пресемаат сите мерки за да се избегнат компликации. Поради тоа одлучија да го држат во кома додека биде неопходно, но сега донесоа одлука дека е време постепено да излегува од таа состојба, вели изворот од болницата.