Радио Милева испраќање на легендата

Последен поздрав за Џеј Рамадановски

Последен поздрав за Џеј Рамадановски

Пејачот Џеј Рамадановски беше погребен во петокот, 11 декември 2020 год. во Алејата на почесни граѓани на Новите гробишта во Белград.

Неговото семејство, пријатели, колеги веќе се собираат за последен поздрав на пејачот.

Ковчегот со телото на Џеј се наоѓа во капела,а  на погребот ќе му биде исполнета негова последна желба – да му свират 50 виолинисти.

На погребот пристигна и младата колешка на Џеј, Александра Пријовиќ во друштво на сопругот Филип како и текстописецот Драган Брајовиќ Браја. На погребот се појави и помалиот син на Брена, Виктор Живојиновиќ во друштво на неговата девојка Сандра.

И Драган Којиќ Кеба пристигна да му одаде почит на Рамадановски. Аца Лукас, Романа Паниќ, Жика Јакшиќ, Ацо Пејовиќ исто така пристигнале за последен пат да се поздрават од пејачот.

Пејачката Драгана Мирковиќ и Тони Бјелиќ испратиле венец..

Потсетуваме, Џеј почина во сон во недела на 6 декември.

фото: Курир.

 

фото: ало.рс

To top