Според соопштенијата на нејзината ПР служба, Сораја Вучелиќ последен пат е видена на 4 јуни на црногорското приморје.
Сораја неодамна се најде во центарот на скандалите затоа што и беше забранет влез во Србија.
Наводно, старлетата нема пристап до својот мобилен телефон, а од претходната недела не се знае каде е.
„Морам да кажам дека случајот со Сораја е пријавен во Минситерството за внатрешни работи на Црна Гора и доколку оваа информација е точна, го чекаме крајниот резултат од истрагата, пишува на профилите на познатата старлета.
„Исто така сакам да кажам дека Сораја последен пат е видена на 3 јуни во Будва. Ја известиме и примиерката на Србија, Ана Брнабиќ со молба да најде било каков податок од МНР на Србија кој ќе ни помогне да ја најдеме. Се чека на нејзиниот одговор и одговор на МНР зошто Сораја е ризична личност за влез во Србија, стои во соопштението на нејзината ПР служба.

Сораја или некој кој се претставува во нејзино име од нејзиниот број, испрати порака дека повеќе ја нема.
Дали овие информации се точни или пак станува збор за некое лажно претставување останува да видиме.
Фото: Фејсбук