Радио Милева

„После ова може и мене ќе ме подбере“: Татјана Стојановска со коментар за Сергеј по неговите критики за Бојана Скендеровски

„После ова може и мене ќе ме подбере“: Татјана Стојановска со коментар за Сергеј по неговите критики за Бојана Скендеровски

Изминатата недела во емисијата „Мода“ кај авторот, водител и моден критичар, Сергеј Варошлија, на „тапет“ се најде пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски која доби доста критики во поглед на својот моден печат.

По емитувањето на емисијата, Бојана не остана имуна на негативните коментари на Сегеј, па го возврати ударот. Откако својот коментар таа го постави на Фејсбук профилот, се нижеа лавина од коментари со поддршка на Бојана, а меѓу многуте се најде и коментар од ТВ презентерката Татјана Стојановска која на Бојана и напиша вака:

-Страшно е што луѓе со искривени вредности стануваат идоли на младите. Тоа е најголемата штета од сето ова, а критиките се најмалку важни, т.е неважни. После ова може и мене ќе ме „подбере“, ха, ха, ха, пишува Стојановска, а пак Бојана веднаш и возврати:

фото:јутјуб1тв

– Кај и да е ќе бидеш…
Не влагаш во неговиот шаблон(идеал) за јавна личност…ти фали изгорен тен од солариум,изгорена омбре,и амбиции да се натпреваруваш со 20 годишни девојчиња…премногу си своја и елегантна,одмерена за негов вкус.

Дали по ова Сергеј навистина ќе ја „подбере“ и Татјана Стојановска, останува да видиме…

 

To top