Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ признава дека е свесен за тоа дека го следи будното око на јавноста преку социјалните мрежи, па затоа внимава што објавува на своите профили.
Наследникот на Брена и Боба за српските медиуми вели дека му годат комплиментите од припадничките на понежниот пол, особено кога објавува разголени фотографии.
View this post on Instagram
Тој на шега вели дека можеби преку Инстаграм ќе најде девојка, затоа не изненадува ниту неговото разголено селфи во огледало.
Имено, на фоотографијата Стефан е разголен, па очигледно сакаше да ги покаже мускулите по тренинг.
Според реакциите нема сомнеж дека освои многу женски симпатии, а можеби некоја од нив еден ден ќе стане снаа на Брена, па како и Пријовиќ ќе се прослави и ќе живее живот како кралица.