Радио Милева
повторно насмеана

После насилството од поранешниот, Тијана Милентијевиќ повторно е заљубена: „Жена од султана“ има ново момче (фото)

После насилството од поранешниот, Тијана Милентијевиќ повторно е заљубена: „Жена од султана“ има ново момче (фото)

Пејачката Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“,откри дека лошиот период е зад неа и дека сега е повторно среќна и заљубена.

Младата пејачка својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста. Медиумите вложуваат максимални напори да дознаат кој е нејзиниот нов дечко, но не успеваат. Сепак, тој ја насмеа Тијана, па таа призна дека конечно е среќна во љубовта.

– Сега сум навистина среќена и исполнета, одамна не сум зборувала јавно за тоа. Секој пат кога сум зборувала за тоа, не излегува на добро, па засега ќе го задржам тоа само за себе. Кога ќе стане нешто сериозно, ќе го споделам со сите, едвај чекам – заклучила Тијана.

Да потсетиме, Тијана неколку пати јавно проговори за насилството кое го доживеала од своето поранешно момче тапанар, но за среќа таа навреме реагирала и повикала полиција.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева