Здравјето на сите нас ни е на прво место секако, тоа сите добро го знаеме, ама за подобро здравје меѓу сите останати нешта велат треба да се има и здрав секс! Тој и здравјето – она физичкото и здравата психа ги одржува во топ форма. Сепак, како во се’ друго што не треба да се претерува, не треба ни во „љубовните игри за возрасни“… Многу арно – не е на арно, ама па да немаш ич, изгледа ич не е арно.
Една од оние кои побргу стапуваат во брак и уште побргу излегуваат „среќно разведени“ од истиот отколку што стапуваат во интимни „релации“ со избраниот среќник, по се’ изгледа е македонската манекенка, мисица, модел и секако горда сопственичка на ланец цвеќарници и продавници за подароци, Емилија Розман!?
Сексот на долгоногата убавица неретко и е тема на муабет или поточно, тема за шеговити досетки на сопствена сметка.
И тоа во различни форми кои најчесто ги објавува на своите профили на социјалните мрежи, каде предничат приказните на нејзиниот Инстаграм.
Арно ама, Емилија добро знае дека времето лета, па затоа можеби време е листата на желби да почне полека и практично да си ја остварува. За да не биде потоа дека на некогашната мисица „и одѕвонило“, убавицата реши да се фати или поточно самата да посегне по ѕвончето… А кога ќе ти дојде желба, повеќе од јасно е „за кого бијат камбаните“ или поточно за што „ѕвонат“ ѕвоната…
Конечно, кој се’ уште не сфаќа нека прочита… На самото ѕвонче убаво си пишува. Само што во случајов има еден „мал проблем“, зашто на госпоѓица Розмантична, иако онака убава, привлечна, секси и симпатична, на ѕвонењето никој не и се одзива?
„Се отепав од ѕвонење – никој не доаѓа…? О животе, шпанска серијо“ – споделила во своето стори разочараната Емилија. Шпанска или турска серија сеедно, сценариото е тоа… „Поштарот секогаш ѕвони два пати“, а Емилија Розман за да дојде до она посакуваното кај момчето, мора „да легне“… на ѕвончето?!
Фото: Инстаграм принтскрин/rozmanticna