Синот на Вељко Ражнатовиќ и внукот на Цеца Ражнатовиќ, малиот Жељко утре (03.06.2021) ќе го прослави својот прв роденден и по тој повод ќе биде организирана прослава во еден белградски ресторан.
„Цеца одлучи посебно да го одбележи овој ден. Затоа се договори со Богдана и Вељко да направи забава. Ангажираа фирма која ќе биде задолжена за декорација и кетеринг, а забавата ќе биде во елитен ресторан. Се ќе биде декорирано во сино – бели бои. Жељко ќе носи одело кое е специјално направено за него, а Цеца ќе биде во фустан кој е направен посебно за ова прилика. Се уште не се знае што Цеца ќе купи на внукот за подарок“, вели извор.

Бидејќи наближува роденденот на малиот Жељко, тетка му Анастасија едвај чека да прослави.
„Како вчера да се роди, а тој пред неколку дена прооди. Веќе зборува и вели мама, тато, дедо. Еднаш мене ме кажа тетка и толку“, неодамна изјави Анастасија Ражнатовиќ.

Инаку, екипата на курир.рс неодамна го посети Тител, каде што живеат Богдана и Вељко, а соседите имале само пофални зборови за парот.