Центарот на главниот град вчера (07.03) беше епицентар на сите случувања. Метежот, вреватата, хаосот на момент беа запрени, а сите улици воде кон главниот плоштад „Македонија“ и се тоа поради историската посета на Папата.
Езуитот од Аргентина, Хорхе Марио Бергољо, некогашен надбискуп во Буенос Аирес, е Папа на католичката Црква.
Папата Фрнциск вчера првпат во историјата беше во посета на главниот град Скопје.
Тој пристигна во раните утрински часови, а неговата агенда се состоеше од посета и миса на плошатдот, средба со високи државни службеници, посета на Католичката црква…
Голем број верници, граѓани од земјава, но и високи гости, верници и странски државјани, пред се од поширокото соседство беа присутни на плоштадот и ја следеа посетата на папата.
Меѓу нив се најдеа и некои македонски јавни личности, меѓу кои и пејачката Елена Ристеска.
Елена истакна дека овој ден е посебен за неа, а на социјалните мрежи ги почасти фановите со неколку фотографии.
За Елена, освен што овој ден беше посебен поради посетата на Папата, таа се пофали дека и пронашла детелинка со четири листа.
Според верувањата оној кој најде детелинка со четири листа ќе го следи среќа.