Радио Милева
не личат на себе

„Порцелански кукли“: Александра Суботиќ претера со фотошоп, го „испегла“ нејзиното лице но и она на невенчаниот сопруг (фото)

„Порцелански кукли“: Александра Суботиќ претера со фотошоп, го „испегла“ нејзиното лице но и она на невенчаниот сопруг (фото)

Старлетата Александра Суботиќ често е на „тапет“ поради фотошопираните слики што ги објавува на мрежите, а со последната објава предизвика вистинска врева.

Имено, таа објави фотографија од базенот во Дубаи на која позира со Пеца, а нејзините следбеници забележаа дека покрај нејзиното лице го „средувала“ и Пеца.

Суботиќ претерала толку многу што коментарите продолжија да се нижат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Subotic (@sandrasuboticss)

 „Колку фотошоп“, „како порцелански кукли“, „е, ова е хит“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, јавноста остана вчудоневидена кога се појавија слики на кои Пеца Распоповиќ и Маја Маринковиќ разменуваат нежности на затворен базен.

Додека Александра јавно плачеше и се жалеше, тие се забавуваа, но на крајот дојде до пресврт, па Распоповиќ и се врати на невенчаната жена со која го има синот Јован.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/А Суботиќ

Останати вести од Радио Милева