Ситуацијата во спортската јавност на Балканот никако да се смири по натпреварот Србија-Швајцарија. поддршка на Џака и Шаќири поради начинот на кој ги славеа головите против Србија им даде и портпаролката на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Јона Дервиши која притоа ја заговара и идејата на т.н. „Голема Албанија“.
Таа најпрво се огласи на социјалните мрежи со следнава порака во која јасно се гледаат претензиите на територии надвор од албанската држава.
-Тоа беше нормален натпревар, но и натпревар за гордост. Албанските орли се бореа под чадорот наречен Швајцарија. И успеаја да полетаат и да и ја пратат на Србија пораката дека ние се бориме со мир, а не со војна! Длабоко во себе мислам дека еден ден ќе играме под едно знаме и тоа сите наши фудбалери од Илирскиот полуостров, од Албанија, од Косово и од Македонија и дека сите ќе бидеме во една репрезентација. Се разбира, не можам тоа да го замислам тој тим без Прешевската долина, рече таа за во интервју за („Наше Прешево“) “Preševo Jone”.
Според неа веднаш по тоа интервју почнале да ми стигнуваат навреди преку социјалните мрежи, и таа своите профили на Твитер и на Инстагран ги затворила и го соопштила следново што го пренесува „Тирана денес“.
-Многу Словени од различни страни ме навредуваа и ми се закануваа со приватни пораки на интернет и тоа за нешто што сум рекла, а што не треба да го навредува никого, бидејќи јас не сакав да навредам никого со тоа. Мирна ми е совеста и не се плашам од никого. Тоа е само моја лична желба и желба и сон на сите Албанци да бидеме обединето еден ден. ФИФА не е во право за казнувањето на двајцата играчи на Швајцарија поради нивното албанско потекло, бидејќи тие само покажаа од каде потекнуваат, нито повеќе. Тука нема никакви провокации, истакна Јона Дервиши која полека но сигурно се простува од ФС на Албанија и се посветува на политичка кариера во албанската партија на социјалистите.