Радио Милева испадна фраерка

Поротата ја прогласи Гвинет Палтроу за невина во случајот скијање: Актерката доби само еден долар отштета и тоа на свое барање (фото)

Поротата ја прогласи Гвинет Палтроу за невина во случајот скијање: Актерката доби само еден долар отштета и тоа на свое барање (фото)

Актерката Гвинет Палтроу (50) и пензионираниот оптичар Тери Сандерсон (76), кој ја тужеше затоа што го удрила на скијање во 2016 година, повторно се сретнале.

Додека Палтроу ја напушташе судницата во Јута како победничка и 1 долар побогата, таа го допре рамото на Сандерсон и наводно неочекувано му шепна.

„Ти посакувам се најдобро“, му рекла актерката на Сандерсон, според видеото до кое дојде „The Post“.

Тери Сандерсон ја тужеше Гвинет Палтроу бидејќи, како што тврди тој, таа скијала „целосно надвор од контрола“ и го удрила на скијачката патека во одморалиштето Deer Valley во Парк Сити, Јута. Тој рече дека повредите резултирале со трауматска повреда на мозокот и побарал повеќе од 300.000 долари отштета од Палтроу во граѓанска тужба.

Палтроу, пак, изјавила дека таа не ја предизвикала несреќата и дека Сандерсон ја удрил одзади. Жирито застана на страната на актерката. Тие пресудиле дека Сандерсон е виновен и ѝ доделиле на Гвинет симболична отштета од еден долар што ја барала во против тужбата.

фото:AP Photo/Rick Bowmer, Pool / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia/ AP/SPLASHNEWS / SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA

To top