Радио Милева
секс славата не е доволна...

Порно глумицата со српско потекло, Адриана Чечик, исфрлена од хотел: „Ме препознаа и не ми дадоа ни пет минути да се облечам…“ (ФОТО)

Порно глумицата со српско потекло,  Адриана Чечик, исфрлена од хотел: „Ме препознаа и не ми дадоа ни пет минути да се облечам…“ (ФОТО)

Познатата актерка со српско потекло од филмската индустрија за возрасни, Адријана Чечик, го обвини хотелот во кој престојувлана годишен одмор за мобинг и непријателско однесување, откако била исфрлена од него, поради само неколку фотографии што ги објавила на својот Инстаграм профил, а кои беа фотографирана во нејзината хотелска соба.

Чечик го обвини хотелот за стигматизација, лошо и непрофесионално однесување на вработените, како и за мобинг при пакувањето и напуштање на собата. Имено, безбедносните работници не и дозолиле приватност во ниту еден момент за време на протерувањето од хотелската зграда во Холивуд.

„Само што ме избркаа од хотелот затоа што дознаа кој сум. Снимав за Инстаграм. Бев комплетно облечен на тие фотографии. Тие дури и не ми дозволија да се спакувам. Ја резервирав најскапата соба во хотелот и добив одвратен третман од управителот“, напиша таа во првиот пост, додавајќи дека поради ваквото однесување сите требало да го стават хотелот на црната листа и дека биле многу груби кон неа кога поднела жалба за однесувањето.

„Никогаш не престојувајте овде, луѓе. Не чекаа ни четири часа да ме иселат и испратија тројца чувари кои беа груби кон мене, поради што се пожалив на управителот на хотелот. Тој не се ни потруди да ми ги даде пропишаните информации за мојата сметка што изнесуваше над 2.000  долари. Персоналот ви е груб!“, напиша таа во друг пост, каде што го обележа профилот на хотелот во кој престојуваше.

“Не ми дозволија ниту пет минути приватност да се спакувам, вашите вработени постојано ме надгледуваа, што беше чудно и одвратно. Мора да ми ги вратите парите“ – напиша таа во третата порака.


Контроверзното видео, кое се појави на нејзиниот профил на Инстаграм, беше навистина повеќе од нетипично за остатокот од нејзината содржина на профилот, бидејќи Чечик беше снимена облечена во хеланки и градник, покажувајќи ја просторијата во која престојува, како и поголеми количини на енергетски пијалоци и монитор на кој таа најверојатно ја играла популарна видео игра, која честопати се пренесува до милиони обожаватели ширум светот.

Инаку, Адријана Чечик е родена во Пенсилванија и потекнува од Србија и Русија, а е сопственичка на неколку Оскари во светот во филмовите за возрасни. Позната е по необични и експлицитни, но  и бизарни сцени, кои и донесоа светска порно слава.

Фото: Инстаграм принтскрин/bratnasty69/officialadrianachechik_

Останати вести од Радио Милева