Радио Милева

Поранешното момче на српската мисица неутешно поради загубата: Неколку часа по нејзината смрт замина на ова свето место

Поранешното момче на српската мисица неутешно поради загубата: Неколку часа по нејзината смрт замина на ова свето место

Мисицата Дијана Милојовиќ сношти почина на 33 години, а некогашното нејзино момче Стефан Кариќ не може да се помири.

Како што пренесува „Блиц“, неколку часа откако Дијана ја загубила битката со тешката болест, Стефан кој моментално се наоѓа во Црна Гора, веднаш заминал на Острог.

На видеото кое го објави се гледа како Стефан оди кон Острог и плаче во тишина.

фото: Принтскрин/блиц

Стефан на својот профил напиша како се чувствува по смртта на српската мисица.

„Имаше и таа премногу проблеми. Само за некое чудо многу ги контролираше и чуваше во себе, понекогаш се чувствуваше како да е лошо, а сепак одеше исправено и гордо, ретко некој можеше да забележи дека нешто и недостига. Беше убедена дека ќе дојде подобро време, а ако не дојде, нема врска. Помина низ животот онака како што треба, борбено. Браво кралице“ напиша Стефан.

Видеото погледнете го тука

To top