Поранешните партнерки на Дарко Лазиќ направија „хаос“ – едната на сцената, а другата во публиката, привлекувајќи го апсолутното внимание на сите присутни. Иако многумина претпоставуваа дека Марина можеби дошла да ја провоцира Барбара, во реалноста тие две имаат одличен однос и се поддржуваат една со друга.
– Ја видов! Па, таа беше и минатата година. Ние сме супер. Марина е врвен лик, екстра лик! – откри Барбара Бобак по настапот.
@veljkonikolic77 #sabac #fy #foryou #barbarabobak🎵 ♬ original sound – Veljko Nikolic
– Зошто да не? Сите сме супер, сите се сакаме, па… Се’ е убаво. Навистина се израдував кога ја видов и знаев дека ќе дојде бидејќи седнав со шефот пред две-три недели и тој ми рече дека Марина ќе дојде. Реков, ставете ја некаде блиску до мене да ја видам, одлична е, среќна е, девојка е… Девојката е секогаш позитивна, насмеана – искрено изјави Бобак.
Новинарите се интересираа и колку навистина се блиски, и дали се дружат приватно.
– Па, добро е… Таа беше на мојот настап и тоа, не е дека си се посетуваме дома, туку сме добри. Само љубов кон неа, убава девојка е, ја ценам и почитувам. Но, јас ги сакам сите луѓе и на сите им посакувам се најдобро, за мене се’ е само љубов и доаѓај на моите настапи само да пеам, да се забавувам… Не ми е важно дали работам во најелитната дискотека или на саем. Каде и да работам, се трудам да ја почувствувам публиката и да ги натерам луѓето да се забавуваат – признала Барбара.
фото:Инстаграм принтскрин