Поранешниот свршеник на хрватската пејачка Северина, Милан Поповиќ, очекува дете со својата избраничка Бојана.
Милан и Бојана веќе имаат еден син, кој го носи името на татка си, а сега изненадија со веста дека нивниот дом повторно ќе се прошири и дека очекуваат принова, пишува „Српски телеграф“.
По раѓањето на првиот наследник, пред две години, познатиот бизнисмен со посебни емоции зборуваше за својата поубава половина.
Со неа неа расправии, дури ни сега кога е во блажена состојба, бидејќи жените тогаш знаат да бидат кавгаџики. Мила е, драга, и супер мајка, а тоа ми е многу важно, изјави тој тогаш.
На Бојана ова ќе и биде второ дете, а на Милан трето, бидејќи од врската со Северина го има синот Александар за чие старателство до ден денес е на суд со пејачката.