Сопругата на Милан Поповиќ, Бојана, денеска се породи во приватна клиника и на свет донесе здраво момче.
Познатиот српски бизнисмен Милан Поповиќ денеска доби петто дете – четврти син.
Како што дознаваат српските медиуми, сопругата на Милан се породила во приватно породилиште и родила здраво момче.
„Српскиот крал на бакарот и неговата многу помлада сопруга Бојана, по синовите и ќерката, добија уште едно момче на кое му го дадоа името Теодор Александар“, открива добро упатен извор и продолжува: „Пораѓањето помина добро. Бојана и бебето се добро, а момчето ги доби сите најдобри оценки“.
„Се запознавме во Белград. Бојана студира маркетинг, потекнува од добро семејство, згодна е, образована, млада, остроумна, снаодлива и секогаш подготвена на шега. Со неа нема кавги и расправии, дури и сега кога таа е бремена, кога жените знаат некогаш да бидат каприциозни. Таа е слатка, мила, одлична мајка, што ми е многу важно“, рече своевремено Поповиќ за својата избраничка, пренесува хрватски „Стори”.
View this post on Instagram
Фото: Printskrin/Instagram/milan8popovic