Втората сопруга на Милан Поповиќ е 28 години помлада од него, а атрактивна русокоса е целосна спротивност од неговата прва сопруга.
Милан и Бојана добија два сина од големата љубов, Милан и Ѓорѓе, а наскоро во нивниот дом ќе пристигне и мало девојче на кое целото семејство е неизмерно среќно.
Поповиќ откри како тој и Бојана се запознале, колку се сакаат и дека убавата белграѓанка без сомнение е вистинската жена за него.
– Се запознавме во Белград пред нешто повеќе од четири години. Бојана студира маркетинг, потекнува од добро белградско семејство, многу е атрактивна, образована, млада, има 25 години, остроумна, снаодлива и секогаш подготвена на шега – изјави бизнисменот за еден дневен српски весник и додаде:
– Со неа нема расправии и кавги, дури и сега кога е бремена, кога жените знаат да бидат каприциозни. Таа е слатка, драга и одлична мајка, а тоа ми е многу важно.
Потсетуваме, Милан и Северина беа во брак две години, по што решија да и стават крај на љубовта од која го добија синот Александар.
Северина во 2015 година се омажи за фудбалскиот менаџер Игор Којиќ, а по шест години се разведе а со него немаше деца.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Северина/Шоу бизнис фотогрфии