Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал повеќе од две години ужива во врска со 20 години помладата Милис Сутшуруп, а сега девојката која долго време ја криеше од јавност и се обрати со порака.
Имено, Мустафа на својот Инстаграм објави фотографија со Мелис, а во описот напиша:
„Еден ден жената влегува во вашиот свет, го дели вашето срце и душа со вас. Сфаќате дека љубовта и храброст на таа жена се ангелски крила кои постојано ве подигнуваат.Среќен роденден, моја сакана“, порача Сандал.
Под објавата се нижеа бројни честитки.