Српската пејачка Ана Кокиќ претходната година се разведе по 10 години брак од нејзиниот сопруг Никола Раѓан.
Екс сопругот на „Блиц полиграф“ призна дека се уште е заљубен во неговата поранешна сопруга.
„Дали е точно дека се уште си заљубен во твојата поранешна сопруга Ана Кокиќ“, гласеше прашањето, а Никола даде точен одговор.
„Да, вистина е. Во смисла дека таа секогаш ќе има посебно место во моето срце бидејќи е мајка на моите деца. Така да….мислам дека тука нема дилеми“ изјави Никола и исткана дека со Ана е во пријателски односи.
Ватерполистот истакна дека и многу жени од јавната сцена му се наметнувале, но тој успеал да заведе само Ана.
Видеото погледнете го тука.