Радио Милева

Поранешниот на новата принцеза ќе објави неочекувани детали од нивната врска!

Поранешниот на новата принцеза ќе објави неочекувани детали од нивната врска!

Ако може да им се верува на озборувањата и пишувањата на странските медиуми, некогашниот сопруг на Меган Маркл, инаку сега веќе идна британска принцеза, е исклучително изненаден поради тоа што неговата поранешна партнерка и сопруга ќе вплови во нов брак, овојпат со принцот Хари.

Тревор Енгелсон и’ беше момче на Меган Маркл, а потоа уште две години и сопруг, а овојпат тој одлучил да снима серија токму за нивната врска и раскинувањето коешто тој се уште не успеал да го преброди.

Главниот лик според неговото сценарио ќе биде разведена Американка којашто се сели во Лондон за да се омажи за член од кралското семејство.

На тој начин всушност тој и планира да заработи на сметката на нивната некогашна врска и брак, а пријателите на Енгелсон тврдат дека тој веќе имал разговори со неговите поблиски колеги околу реализацијата на овој проект.

Деталите околу сценариото се’ уште се утврдуваат, а не е најавено ниту дали и кога овој проект би бил реализиран.

Меган и Енгелсон не објаснувале премногу детали околу причините за нивниот развод, но нејзиниот брат своевремено тврдел дека клучна причина за тоа биле притисоците на Холивуд и нејзината улога во серијата “Suits”. Меган се преселила во Торонто а потоа следел и разводот. Инаку, токму нејзиниот брак бил најголем проблем за кралското семејство поради кој тие долго време беа против изборот на Хари.

Но Хари, бунтовен како и секогаш до сега, сепак успеа да се избори за својата љубов, а новата кралска венчавка не очекува на пролет, следната 2018-та година.

Како што веќе беше најавено, веднаш после венчавката, таа во потполност ќе се посвети на хуманитарната работа и повеќе нема да биде актерка.

извор:кармин.мк

To top