Најпознатиот член на групата „Пинк пантерс“, Оливера Чирковиќ кој зад себе има богато криминално досие, го даде својот коментар за случајот Романа Паниќ која беше осудена за ограбување на банкомати во Австралија.
Пејачката поради ова дело лежеше кратко време во затвор, а Оливера вели дека никако не може да ја спореди со себе.
„Романа е колатерална штета. Не можам да се споредувам со неа бидејќи бев осум години во затвор и имам тешки криминални дела. Таа не би била два месеци во затвор ако е сериозен играч. Таа не е криминалец, погрешила и платила за тоа“, вели Оливера за „Свет“.
Чирковиќ досега објави три книги во кои зборува за периодот додека се занимавала со криминал и била во затвор, а како што се зборува Романа ќе објави книга за своето искуство.
„Мислам дека тој период кој го поминала во затвор тешко и паднал…Објективно, после такво нешто треба да ја извлечеш поуката и да се повлечеш….Пишување книга за лажни картички и земање пари од банкомат е несериозно во светот на криминалот. Не знам како размислуваат јавните личности, таа долго време е на естрадата и знае како се плива и како се користат бонусите. Можеби тој нејзиниот го презел делото на себе и таа приказна ми е нула, не сакам воопшто да размислувам за тоа. Катастрофа“, вели Чирковиќ.
Потсетуваме, Романа Паниќ на 1 август беше пуштена од затвор во Брезбејн и беше депортирана во Белград.