Поранешната ријалити ѕвезда Мина Врбашки со своето ново момче ужива на луксузна локација на црногорското приморје.
Имено, Мина влегла во романса со извесен Дино од Црна Гора, кој инаку е пријател на нејзиното поранешно момче Менсур Ајдарпашиќ, со кој имаше бурна љубовна врска која започна во „Белата куќа“, пишува Пинк.рс.
– Мина е во врска со Дино, пријателот на Менсур. Тие се заедно во Црна Гора и уживаат во секој заеднички момент. Тие се вљубени еден во друг и тој ја задоволува во сè, ја носи на многу луксузни места во Црна Гора, таа навистина ужива да биде со него – рекол извор близок на парот.
После тоа, Мина се заследила со Менсур на социјалната мрежа Инстаграм, а кој кого прв заследил не се знае.
Многумина се прашуваат како таа брзо го преболела Матеја Матијевиќ чие раскинување тешко го поднесе, па дури и пушти солзи во емисијата „Народ пита“
Мина ја објави фотографијата на Дино од клубот со срце на нејзината приказна, јасно потврдувајќи ја нивната романса.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/minavrbaski