Поранешната број еден во женскиот тенис со семејството замина на море, а може да се види дека Ана навистина ужива и се одмара на непозната локација.
Ивановиќ сподели неколку фотографии на социјалните мрежи, а нејзините обожаватели можеа да видат дека и понатаму изгледа прекрасно и предизвикувачко. Таа ужива на песочната плажа со синовите Лука и Леон, а во близина секако е и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер.
Ана Ивановиќ во описот под фотографиите напиша:
– Лето, сонце и море – прекрасен ден! Брзо утринско пливање со момчињата.
Голем број фанови беа воодушевени од нејзината објава, па ја опсипаа со комплименти и убави зборови.
Очигледно е дека Ана Ивановиќ и покрај тоа што шест години не игра тенис, сепак изгледа инспиративно и секси, а во исто време женствено и привлечно.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/anaivanovic