Радио Милева за неа како да застанало времето

Поранешната пејачка на групата „Луна“ по долго време се појави во јавност – еве како изгледа (фото)

Поранешната пејачка на групата „Луна“ по долго време се појави во јавност – еве како изгледа (фото)

Поранешната пејачка на групата „Луна“, Маја Марковиќ во текот на 2000-тите се повлече од сцената и покрај нејзината популарност.

Таа сега се појави во една емисија и воодушеви со својот изглед, но и гласот кој е нејзин заштитен знак.

-Возбудена сум што сум во оваа емисија кај мојот пријател Бошко кој не го видов толку години, изјави Маја.

-Се сеќавам како се запознавме. Тоа беше во 1997 година. Носев шешир, ти ми се приближи и ме праша: Какво убаво лице се крие под шеширот?, изјави Маја.

Како што истакна никогаш не престанала да пее.

-Само не се појавував во јавност бидејќи мислам дека немав доволно добра причина. Денес тоа не е така, но јас мислев дека така треба. Со сопругот од 2010 пејам на прекуокеански бродови, тој е мој приватен пијанист, изјави Маја која некогаш беше во групата „Луна“.

-Пред пандемијата, од три до шест месеци бевме на крузерите и го исполнив сонот да го прошетам светот.

Таа вели дека за нејзината кариера тоа е многу важно искуство.

-Јас имав невобичен пат. Од почетокот се најдов на голема сцена, на концерти. Затоа одлучив да се пробам и на мала сцена, да пеам за оние кои не можеа да дојдат да ме слушнат. Се сеќавам дека во текот на 90тите ме прашаа која ми е најголема желба, а јас им одговорим: да одмарам и патувам шест месеци. И ете ми се исполни желбата. Бев секаде во светот благодарение на работата која ја сакам, изјави Маја за К1 телевизија.

фото: принтскрин/к1телевизија/ИДЈТВ/група луна

To top