Популарната пејачка Ана Севиќ последниве години ја остави кариерата на страна и целосно му се посвети на семејниот живот, а последните денови ужива во луксузно патување од кое често споделува фотографии.
По првиот брак со пејачот Дарко Лазиќ со кој има ќерка, атрактивната бринета се омажи за Данијел Недељковиќ и роди уште две деца со кои ги споделува сите среќни моменти.
Ана Севиќ со својата поубава половина и децата престојува во Италија каде уживаат во зимската магија и со која со задоволство споделува фотографии од планинската убавина.
Водителката сподели слики на својот Инстаграм профил и ги воодушеви сите со својот прекрасен изглед и стајлинг, а доби и голем број комплименти и позитивни коментари.
Фото:Принтскрин/Инстаграм