Спрската џез и блуз пејачка која ја претставуваше Србија на Евровизија во 2015 година, Бојана Стаменов, отворено проговори за проблемот со килограмите.
-Постои најстрашна дискриминација на дебелите луѓе. Во кафулињата ставаат столчиња со потпирачи за рацете, што сакаат, да им седнат само згодни риби, а ние убавите и паметните немамо право да пиеме кафе? Во авионите прават плитки седишта, дури и висок и дебел човек не можат да седат, вели Бојана.
-Дебелите жени имаат проблем да купат обичен градник, верувале или не, Ако си дебел, нема облекување по последна мода, бидејќи се што е за полни дами, доаѓа од Турција, па изгледаш како немажена баба-тетка која ја жали целото семејство. Не можам да најдам ни адекватни обувки на високи потпетици, кои сакам да ги носам. За нас, обувките мора да бидат квалитетни, поцврсти, а јас сакам да бидат и стилски, вели Бојана за проблемите со кои се соочува поради килограмите.