Радио Милева

Поранешната девојка на принцот Хари не сакала да стане принцеза, а сега е позната и причината

Поранешната девојка на принцот Хари не сакала да стане принцеза, а сега е позната и причината

Кресида Бонас, британска актерка и модел и поранешна девојка на принцот Хари, се мажи за маркизот Хари Вентворт-Стенли.

Британскиот „Дејли мејл“ објави денес статија во која новинар објаснува дека убавата русокоса меѓу двајца Хари го избрала подобриот. Хари Вентворт е исто така со благородно потекло и е бесрамно богат, пишуваат Англичаните.

Кресида беше во врска со принцот Хари од 2012 до 2014 година. Тие, наводно, се карале кога принцот одбил да го плати нејзиниот авион билет за таа да го придружува на една венчавка, но како што тврдат пријателите на Кресида, таа брзо сфатила дека не сака да биде мажена со принц.

“Многу и пречеше вниманието што го имаа и фактот дека јавноста ја познаваше само како девојка на принцот Хари. Таа не сакаше да стане принцеза и не сакаше да и стави крај на кариерата. Сакаше слава, но своја, а не на принцот”, велат нејзините пријатели.

Меган Маркл се повлече од актерството поради принцот, откако се свршија во 2017 година.

фото:ЕПА

To top