Поранешната асистентка на Меган Маркл, Мелиса Тоубати тврди дека иако Меган повеќе не е актерка, успева успешно да глуми.
Како што објасни Мелиса, однесувањето на војвотката придонело таа да се расплаче неколку пати, па одлучила дека не сака така да живее.
„Нејзината работа е многу стресна. Мораше да ги исполнува сите барања на војвотката, па бидејќи беше под притисок често плачеше“ вели непознат извор за „Daily mail“.
Кралската палата во официјална објава изјави жалење поради заминувањето на Мелиса, а поранешната асистентка откри дека некогашната актерка многу се променила откако станала дел од кралското семејство.
„Од самиот почеток знаеше што сака, без разлика дали се работи за нејзината кариера, облека или луѓето со кои работи. Кој не мислеше како неа, веднаш го отпушташе“ вели изворот.
Наводно Меган има проблеми да ги задржи и другите луѓе во животот бидејќи е тешко да се соработува со неа.
„Стана безобразна“ вели нејзината поранешна асистентка.
Наводно проблемот е во тоа што Меган се повеќе имала барања кои ги праќала на мејл во раните утрински часови. Таквото однесување наводно ја разделила Меган од Кејт Мидлтон со кој е во лоши односи.