Радио Милева

Поранешен модел го обвини Кристијано Роналдо за силување, тој негира

Поранешен модел го обвини Кристијано Роналдо за силување, тој негира

Поранешен модел поднесе обвинение против Кристијано Роналдо за силување.

34-годишната Кетрин Мајорга тврди дека славниот фудбалер ја силувал во 2009 година, а потоа ѝ дал пари за да ја замолчи. Таа ги прифатила парите и потпишала договор дека никогаш нема да проговори за обвиненијата.

Нејзиното сведочење го изнесе германскиот весник „Spiegel“, кој за првпат ја објави сторијата во 2017 година без да го спомене идентитетот на жртвата.

„Таа требаше да биде невидлива, осудена на молк. Засекогаш. Никој никогаш не требаше да дознае за таа ноќ во Лас Вегас во 2009 година, особено не нејзината верзија на случувањата“ – вака весникот ја започнува сторијата која го шокираше светот.

Кетрин Мајорга

Кетрин и Кристијано се запознале во ноќен клуб во Лас Вегас во јуни 2009 година. Роналдо бил таму на одмор, а една од обврските на Кетрин како модел била да стои пред клубот со свои убави пријатели и да привлекува клиенти да влезат во клубот.

Откако завршила со работата пред објектот, 25-годишната Кетрин со своја пријателка влегла во ВИП делот на клубот каде и се запознала и забавувала со 24-годишниот фудбалер. Папараци фотографии направени тогаш ги прикажуваат двајцата како разговараат и танцуваат.

Кристијано Роналдо и Кетрин Мајорга

Кристијано Роналдо и Кетрин Мајорга

Кристијано Роналдо и Кетрин Мајорга

Откако фудбалерот ѝ го побарал бројот на Кетрин, тој го напуштил клубот. По кратко време, таа добила порака дека тој е на приватна забава во хотелот „Palms Place“ и дека ја кани да му се придружат заедно со нејзини пријателки.

Според изјавата на Кетрин, присутните се забавувале во џакузи, но бидејќи таа не сакала да си го уништи фустанот, Ронадло ѝ понудил облека за да се преслече. Кога влегла во бањата и била само по долна облека, тој влегол внатре, а кратко потоа ја силувал анално и покрај нејзините противења.

Врескав НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ повторно и повторно и го молев да престане. Никогаш не сум била поисплашена во животот“ – рекла Кетрин.

Откако ме силуваше, пак не ми дозволуваше да заминам. Не ме пушташе да заминам. Ме викаше ‘душо, душо’. Ме гледаше со виновен поглед. Како да се чувствуваше лошо. Не се сеќавам, но сум прилично сигурна дека рече ‘извини’ или ‘дали си повредена?’. Тогаш веќе клечеше на колена“ – изјавила таа.

Потоа двајцата се вратиле на забавата, а Кетрин одлучила никој да не дознае за тоа што се случило во собата на Роналдо. Таа се однесувала како да е сè во ред и не ѝ кажала ниту на пријателката со која била на забавата.

Но, следниот ден папараци фотографиите од парот биле во сите светски весници. Тогаш таа за првпат ѝ кажала на пријателката дека била силувана, а бидејќи болката била неподнослива, таа морала да оди на преглед.

По неколку дена, Кетрин го пријавила инцидентот во полициска станица без да сподели за кој фудбалер станува збор. Кетрин сакала правда, но откако нејзиниот адвокат стапил во контакт со адвокатот на Роналдо, таа била замолчена со парична сума од 260.000 евра. ДоговорФот ја обврзувал да ги повлече сите обвиненија простив Роналдо, ѝ забранувал да зборува за инцидентот и ја задолжувал да ги избрише и уништи сите електронски или пишувани материјали произлезени од обвинението.

„Тој е многу славен. Преплашена сум… Главната причина зошто го потпишав тој договор беше затоа што не сакав да се споменува моето име“ – вели Кетрин.

По потпишувањето на договорот, Кетрин плачела 3 месеци и не излегувала од својата соба, по што кај неа се појавиле и самоубиствени мисли и депресија, а почнала и редовно да консумира алкохол.

Нејзиниот живот се променил откако се вработила како учителка во основно училиште, но таа никогаш не била вистински среќна.

Во пролетта 2017 година, весникот „DER SPIEGEL“ ја објавил нејзината сторија, но претходно контактирале со Роналдо за изјава. „Категорично ги отфрламе обвинувањата покренати во вашите прашања“ – рекол адвокат на Роналдо.

До денес, Кристијано ја нема споделено својата верзија со весникот, а неговите адвокати ги негираат тврдењата на Кетрин.

Во видео во живо на Instagram, Роналдо рече: „Не, не, не, не. Она што го велат денес? Лажни, лажни вести. Сакаат да се промовираат, користејќи го моето име. Тоа е нормално. Сакаат да бидат славни изговарајќи го моето име, но тоа е дел од мојата работа. Јас сум среќен човек и сè е добро“.

Роналдо во моментов живее со својата девојка Џорџина Родригез и со четирите деца.

Кристијано Роналдо

Роналдо семејство

Џорџина

Кристијано Роналдо и Кетрин Мајорга

To top