Принцот Хари и Меган Маркл често се главна тема на медиумите, како поради скандалите кои ги следат и лошиот однос со кралското семејство, така и поради нивното бурно минато кое не престанува да ги следи. Еден таков, најде начин повторно да излезе во светлината на денот.
Во книгата напишана од Анџела Левин се наведува дека принцот Хари имал афера со модел кој работел за познатиот бренд „Барбери“.
Во прашање беше девојка по име Сара Ен Меклин која принцот ја запозна на приватна забава. Според странските медиуми, во тоа време принцот Хари и Меган Маркл веќе биле во врска.
Краткотрајната романса се случи набргу откако Хари ја запозна Меган, со која се ожени пред четири години во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор во Велика Британија.
– На самиот почеток на врската со Меган Маркл, принцот Хари излезе на состанок со манекенката Сара Ен Меклин – напиша Левинова.
Таа наведува дека се запознале на приватна забава, а потоа размениле телефонски броеви, по што принцот ја опсипал со пораки.
– Тие се прилично слични, но секој од нив тргна по својот пат – се наведува во книгата.
Во тоа време, постоеше сомнеж дали и Меган раскинала со нејзиното момче со кој беше две години.
View this post on Instagram
После тоа, Хари и Меган ја продолжија врската, а Сара почна да гради кариера како голем модел и нутриционист. И додека Меган и Хари сега имаат семејство, Сара стана многу позната на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Хари и Меган поминаа многу, а неодамна за странските медиуми откри дека нејзиниот сопруг ја спасил кога и било најтешко.
– Кога се чувствував многу лошо, мојот сопруг ми најде доверлив терапевт. Набрзо почнав со терапија, која ми помогна да се чувствувам подобро – рекла Меган.
Фото: Принтскрин/Профимедиа