Радио Милева преглед на шест месеци

„Поради туморот морам често да одам на преглед“: Познатата Касандра проговори за здравствената состојба (фото)

„Поради туморот морам често да одам на преглед“: Познатата Касандра проговори за здравствената состојба (фото)

Познатата актерка Кораима Торес изгледа одлично и на своите 47 години.

Во 2018 година на актерката и беше откриено тумор на градите, а таа сега објави фотографија од еден преглед.

Имено, познатата Касандра истакна дека е малку е исплашена бидејќи овие едномесечени прегледи некогаш знаат и да бидат болни, но и дека е важно да се оди бидејќи може да се спаси  нечиј живот.

„Претходната недела започнав со прегледи. Сакам да ве известам дека добро поминав на мамографијата и ултразвукот на дојката. Поради овие тумори морам да одам на преглед на шест месеци“, откри Торес и додаде:

„За мене е тешко секојпат кога ќе ме допрете, но најважано е да допирате еднаш месечно, да сфатите дека еден преглед може да ви го спаси животот“, вели актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)

Потсетуваме, Торес со нејзината улога во Касандра во 1997 година стана омилена актерка во земјите на Бивша Југославија.

To top