Пејачката Нада Обриќ во младоста беше многу атрактивна, згодна и сексапилна, па многумина посакуваа да бидат покрај неа. При гостувањето во една емисија неодамна, зборувајќи за тоа што се’ правеле мажите за неа, пејачката раскажа и за еден застрашувачки инцидент што и се случил среде концерт.
„Имав концерт во една сла која покрај партерот имаше и балкони. И одеднаш, откако завршив со една од песните, а музиката од озвучувањето се стиша, одненадеж од некаде се слушна како маж вика на цел глас: „Надо, те сакам!“. И сите се свртеа во тој правец, каде забележуваат човек кој е во центарот на вниманието, како стои на работ на балконот и вика: „Надо многу те сакам, ќе умрам за тебе“.
И концертот заврши, а тој постојано повторуваше се додека до него не дојде еден познат човек, кој за жал не е повеќе меѓу нас. А тој му вели дека многу ме сака и дека ќе умре за мене. А овој на шега му вели: „Не умирај, туку ајде скокни од балконот за да докажеш колку ја сакаш“ – раскажала Нада и продолжила:
„И уште тој не завршил, аовој веќе скокна. Јас се преплашив, почнав да врескам во паника. Некои луѓе тргнаа кон него, па тргнав и јас да видам дали е жив и кога дојдов до него и го допрев, тој ги отвори очите и вели: „Фала му на Бога, таа ме допре“ – раскажала Нада и ги насмеала сите во студиото.